Откако целиот Балкан дозна дека Светлана Цеца Ражнатовиќ е позитивна на коронавирусот заедно со својот син, денеска српските медиуми како гром од ведро небо ги објавија резултатите на Богдана и нејзиното бебе направени во текот на вчерашниот ден.
Додека Вељко и Цеца се позитивни, нивната ќерка Анастасија е негативна на вирусот.
И додека целото семејство беше тестирано поради прославата за раѓањето на малиот Жељко каде и го добиле вирусот, дополнително беше тестирана и Богдана, нејзиното бебе и нејзините родители.
За српскиот портал „Ало“ ексклузивно мајката на Богдана ги открила резултатите.
-Штотуку ни стигнаа резултатите и фала му на Бога се негативни. Сите се негативни! Вклучувајќи ги и Богдана и бебето, сите сме добро, изјавила мајката на снаата на Цеца.
Таа додала дека речиси што не се онесвестила од среќа.
Мајката на Богдана речиси се онесвестила кога ги дознала резултатите на ќерката и нејзиното бебе откако се тестираа од коронавирус






