Мајката на Наташа Беквалац ретко се појавува во јавност, а сега пејачката и посвети емотивна порака

Наташа Беквалац позираше со нејзината мајка Мира која и беше најголема поддршка во најтешките моменти.
Таа ретко се појавува во јавност, а сега пејачката одлучи да ја покаже на своите следбеници на „Инстаграм“ и да покаже колку и значи.


Во нејзино друштво се најде и сестрата на пејачката, па трите дами заедно позираа пред камерите.
„Зад секоја успешна жена стои…мама. Ова е мојата мајка. Подобра не можев да одберам. Мојата мајка е најубава бајка….ова покрај мене е помладата сестра“ напиша Наташа на „Инстаграм“.
За потсетување, претходната година Беквалац помина низ тежок период кога нејзиниот сопруг физички ја нападна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.