Мајката на Пино: Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат, да скапат во затвор

Мајката на убиениот Пино, кој со месеци беше исчезнат, а за кој вчера МВР потврди дека е убиен изрази благодарност до сите кои им дале поддршка во овој тежок период за нив. Маја Трпковска на својот фејсбук профил тврди дека нејзината борба за правда продолжува.


„Благодариме на сите за подршката. Тешко е верувајте ми, многу тешко. Мојата битка продолжува, сега БАРАМ ПРАВДА ЗА МОЕТО ДЕТЕ!!! АНГЕЛА ЃЕОРГИЕВСКА СО НЕЈЗИНИОТ ПОМОШНИК ШТО ГО ИМААТ УБИЕНО МОЕТО ДЕТЕ ДА ДОБИЈАТ НАЈГОЛЕМА КАЗНА! ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР!!! Да скапат во затвор! Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат! Бел ден да не видиш ни ти ни твојот помошник ни твојата фамилиа!!! – напиша мајката на убиениот Пино.
Таа веќе неколку месеци водеше битка со институциите за да се пронајде нејзиниот син, кој исчезна во декември лани. Пино бил пронајден во Љуботен со прострелна рана во главата, а неговиот убиец е во бегство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.