Мајката на Пино: Ја погребав ќерка ми пред 11 години, но чувствувам дека син ми е жив, помогнете да го најдеме!

Мајката на Пино Секондо (26), Маја Трпковска речиси четири месеци очајно трага по своето дете и бара ажурност и одговори од МВР.
Откако во декември минатата година Пино исчезна без трага, таа редовно апелира до надлежните служби да ја сфатат сериозно, а веќе неколку седмици наназад, секоја сабота излегува на мирен протест пред Собрание во Скопје, барајќи одговори, пишува во сторијата објавена на Фокус.
Вели дека за целото време, откако Пино е исчезнат, таа нема мир. Но, посебно е револтирана од тоа како надлежните ја водат истрагата и нивниот однос кон неа.


-Пред 11 години ми се роди мојата трета среќа, ќерката Марија. Јас, сопругот, Пино, неговиот помал брат, сите бевме пресреќни. Но, само по 15 дена, поради здравствени проблеми го изгубив моето девојче. Знам како е да се погреба дете, никому не посакувам такво нешто. И знам, длабоко во себе чувствувам дека Пино е жив, дека чека да биде пронајден. Нека не си играат со мојата болка, нека се посветат на случајот како што треба, времето одминува. Поради тоа што Пино има македонско, но и италијанско државјанство, случајот го пријавив и во тамошната полиција. Официјално, во Италија, се води како киднапирање. И верувам во тоа, верувам дека се вмешани големи играчи, па поради тоа се кријат фактите и вистината – раскажува мајката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.