Верица Бабарчиќ Лазова од Градско на социјалните мрежи очајно моли за било каква помош за пронаоѓање на нејзината 16-годишна ќерка Теодора Бабарчиќ која во четвртокот попладне исчезна во водите на Вардар кај селото Уланци – општина Градско.
– Очајно си ја барам ќерката Теодора Бабарчиќ, 16 години, која пред 3 дена се удави во водите на Вардар, Општина Градско-Уланци. Институциите сите се известени, потрагата се уште трае. Даваат се од себе да ја најдат, сега за сега се води како исчезната. Доколку некој од овчарите, земјоделците, рибарите ја видат во водите на реката Вардар, делот од Градско до Гевгелија, како што тече водата во тој дел, молам за информација, секоја информација е добредојдена. Пријавете во МВР, за побрзо да се најде моето дете, мојата душа. Облечена е во розеви дводелни купаќи, црна коса, кафени очи… Ве молам споделувајте за што побрзо да се најде – објави вчера мајката на Теодора.
Веќе трет ден се бара шеснаесетгодишното девојче во водите на Вардар која потонала заедно со уште една девојка. Девојката е спасена, но по девојчето уште се трага.



