Мајка на ученик физички нападнала учителка на родителска средба, информираат од МВР.
-На 15.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка на ученик) физички ја нападнала К.К.Л, стои во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



