Мајка на шест деца изгуби 75 килограми за една година: Ја откри тајната на нејзиниот успех

„Не можев да стојам повеќе од 45 минути!“
Кречел Картер (30) е мајка на шест деца, а на социјалните мрежи сподели слики кои зборуваат за неверојатна промена, односно за фактот дека успеа да изгуби голем број килограми.
На Кречел и е дијагностицирана хронична болест, па нејзината тежина се качила откако била присилена да лежи во кревет поради разни лекови и операции. Во најлош момент, таа имала 140 килограми, па не можела да стои на нозе подолго од 45 минути. Затоа, таа реши да ги смени своите навики и да го изгуби вишокот килограми што ја спречуваа да живее нормален живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Krechelle Carter (@eightathome)


Таа престана да конзумира нездрава храна од ресторани за брза храна, грицки и ја намали количината на оброци. Таа започна да пешачи секој ден, каде што прво правеше околу 1.500 чекори, а сега прави и до 20.000 чекори на ден. За само една година, таа успеа да изгуби 75 килограми.
На почетокот на 2021 година, таа ја сподели својата трансформација на социјалните мрежи за да ги инспирира другите да го променат својот животен стил.
– Божиќ 2019 и 2020 година изгледаат многу поразлично. Не зборувам само за мојот изглед. Сега можам да дишам нормално, да направам сè, а сепак имам енергија – напиша таа во својот пост.
Сега конечно може да ужива да биде со своето семејство без да се чувствува незадоволна од својот изглед, но и од проблеми со прејадување.


Сега, кога има само 65 килограми, се чувствува посреќно и поздраво од кога било досега.
– Не се срамам од својот изглед претходно, но среќна сум што решив да се сменам и да дојдам до овде. Едвај чекам да постигнам повеќе цели и да одржувам среќен и здрав начин на живот – откри Кречел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.