Мајка се сретна со убиецот на својот син: Беше подготвена да прости, но ваков однос никој не очекуваше

Кевин Јетс (25) од Тенеси е убиен кога пијан возач, Латиша Стивенс, се возела на погрешната страна од патот и се судрила директно со него во јули 2011. година.
Неговата мајка, Тики Финлајсон, останала скршена од смртта на нејзиниот син, но за Би-Би-Си изјавила дека донела болна одлука да и прости на Латиша, па дури и се дружела со неа.
Таа открила дека двете жени пронашле неочекувана врска една со друга и сега заедно го „живеат животот“:
-Почнав да чувствувам љубов кон неа, а пријателството се претвори во нешто повеќе за мене. Сега се чувствувам како таа да е е моја ќерка, рекла мајката.

Таа откри дека последниот разговор со нејзиниот син го имала во истата болница каде подоцна починал. Нејзиниот татко непосредно пред несреќата на нејзиниот син имал речиси фатална несреќа со мотор, па заедно ја посетиле болницата.
„Тој ми рече дека ме сака и ме гушна“, се потсетила мајката.
Тики спиела во чекалната во болницата кога ја повикал нејзиниот постар син и и’ рекол дека Кевин имал судир и дека е во болница.
-Трчав што е можно побрзо до брзата помош и ми беше даден долг список на повреди што ги здобил Кевин во судирот и тие рекоа дека прават се што можат за да му помогнат, се потсетила Тики.
Но, и покрај катастрофалните повреди што ги претрпел нејзиниот син, Тики рекла дека не верувала дека Кевин ќе умре. Додека семејството се собрало во болницата, откриле дека несреќата ја предизвикал пијан возач и тие решиле да се соберат за да се молат.
-Се слушнав себеси како велам „Бог да и прости за она што го направи на моето семејство“. Бев изненадена кога го кажав тоа затоа што никогаш не ми се случило да му простам на пијан возач. Знаев дека кога ќе дојде гневот, ќе морам да и простам. Но, прво сакав да ја најдам и да ја гушам со перница“.


Наскоро докторите и ја кажале најлоша вест – дека функциите на мозокот на Кевин се угаснати и дека тој најверојатно ќе умре.
Непосредно по смртта на Кевин, Тики основаше 1N3, кампања за запирање на возење под дејство на алкохол и отишла во локалната ТВ станица за да разговара за локално прибирање финансиски средства.
Таа го искористи ова како можност директно да и се обрати на Латиша, велејќи:
-Гледав директно во камерата и реков: „Латиша, ако гледаш, ти простувам“. А таа гледала.
Тики се запознала со Латиша осум месеци по несреќата и можела да и’ каже во лице дека и е простено.
-Стоевме таму прегрнати и плачевме, а таа само велеше „Извинете“.
Подоцна Латиша била осудена на осум години затвор, но жените останале во контакт. Откако излегла од затвор, тие продолжиле да се дружат, а сега заедно водат кампања против возење под дејство на алкохол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.