Мајки, еве како да поминувате повеќе квалитетно време со вашите ќерки

Секој родител ќе ви каже дека врската помеѓу мајките и ќерките е навистина посебна. Но, децата брзо растат, па затоа и треба да ја искористиме секоја шанса за квалитетно дружење со цел да изградиме цврста и нераскинлива врска со нашето најмало. Ако сте мајка што сака да направи нешто посебно и да создаде прекрасни спомени со своето девојче, тогаш разгледајте ги овие седум идеи што ќе ви помогнат да поминувате повеќе квалитетно време со неа.
1. Танцување
Пуштете ја омилената песна и препуштете се на ритамот на музиката. Не е важно дали изгледате будалесто, едноставно опуштете се и забавувајте се. Оваа традиција нема годишна граница, па одбирајте различни видови музика и или правете заеднички кореографии или пробувајте да бидете колку што е можно посмешни во движењата.


2. Филмски маратон
Резервирајте еден викенд за излежување со ќерка ви, гледајќи ги нејзините омилени филмови. Подгответе многу пуканки, легнете на каучот, замотајте се во топло ќебе и нека почне маратонот! Ако вашето девојче е постаро, пронајдете некој документарец на тема што ја интересира, па претворете го филмскиот маратон во забавна и едукативна активност.
3. Уметност
Извадете празни хартија, истурете ги боичките на маса и почнете да цртате. Поставете си цел што сакате да направите и со заеднички сили обидете се да стигнете до таму. Можете дури и да залепите хамери по ѕидовите и да направите неверојатно уметничко дело од вашите соби. Ако не сте по цртањето, секогаш можете да правите колажи од вашите фотографии.
4. Изградба
Алатките не се наменети само за тато. Најдете некој „Направи сам“ проект и обидете се заедно да го изградите. Не мислиме на нешто комплицирано, туку на нешто што ќе ви го исполни времето со нова активност којашто можете да ја правите заедно. На пример, обидете се да поставите нови полици во нејзината соба или пак, обојте ги ѕидовите во нова нијанса.
5. Волонтирајте
Одвојте малку време за несебични активности и поминете го заедничкото време така што ќе им помагате на другите. Ова не само што ќе направи вие да се чувствувате добро, туку ќе ѝ помогне на вашата ќерка да се здобие со емпатија, да развие емоционална интелигенција и да научи дека не треба да биде пасивен набљудувач, туку активен учесник во сите промени околу неа.
6. Прошетка
Поврзете се со вашата ќерка така што ќе ја однесете на некое посебно место од вашето детство. Потоа, раскажете ѝ што се ви се има случено таму. Можете да го посетите родниот град, местото каде што сте студирале, ресторанот каде што сте правеле свадба… не постојат граници при овие патувања во минатото!
7. Изненадување на баба
Зошто да бидете само вие две, кога можете да ја вклучите и нејзината баба? Направете заедничко дружење на три генерации и поврзете се одново. Па, изненадете ја баба така што ќе се појавите ненајавено за ручек или за прошетка. Таа ќе биде пресреќна кога ќе ве види и ќе го имате најдобриот ден во вашиот живот досега.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.