Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје.
Од таму за државната агенција МИА велат дека полицијата по пријавата излегла на терен и дека се преземаат мерки за расчистување на инцидентот.
Во дворот од верскиот објект е најден канистар за гориво, а како што се гледа на фотографијата која ја објавија од Амбасадата на Израел во Македонија на вратата има траги од горење.



