МВР И АРМ ќе земат плата, еве кога!

По вчерашното соопштение од Владата дека септемвриската плата со ветеното покачување од 5% ќе се исплати во предвидениот рок, денеска Собранието по скратена постапка треба да го разгледа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија.


Зголемена плата за пет проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор, соопштуваат од Владата.
Зголемувањето на платите е предвидено со иницијалниот Буџет за 2019 година, а законот кој го овозможува тоа по скратена постапка се очекува да помине во Собрание во текот на следниве денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.