МВР: Лажна вест е престрелката во Ченто, имало сообраќајка

МВР демантира дека вечерва имало пукање и убиство во Ченто.
-Дел од порталите, вечерва шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации. Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест, велат од МВР.
Според првичните информации, има повредени во сообраќајката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.