МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите од Аеродром

По објавата за ново врсничко насилство во Аеродром, денеска Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден е извршен разговор со двете малолетнички кои физички малтретираат 12-годишно девојче.
Случајот во полиција го пријавила мајката на малтретираното девојче.
          – На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува. Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала. Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители, информира денеска МВР.
За случајот е известен јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
Се преземаат активности за утврдување на идентитетот и на други инволвирани малолетни лица за целосно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“и за „запуштање и малтретирање на малолетно лице“
The post МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите од Аеродром appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: