Од полицијата со официјални информации за пожарот кој денеска ги потресе скопјани.
– Денеска (13.09.2025) во 13:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај шталскиот пат во село Трубарево, скопско, настанал пожар и гори пластика. Полициски службеници од СВР Скоје излегле на местото и констатирано е дека се опожарени магацини на фабрика рециклажа на електричен отпад и пластика, соопштија пред малку од МВР.
Бригадата за противпожарна заштита Скопје, хеликоптер на МВР, Ер трактор, Пинц и БТР на Дирекцијата за заштита и спасување преземаат мерки за гасење и досега е намален интензитетот на пожарот.
И од Центарот за управување со кризи потврдија дека пожарот во населба Трубарево каде горат електро-отпадни материјали е активен. Под контрола е пожарот на „Дрисла“, а изгаснат е кај Вардариште.



