МВР се јави за убиствата на “Рузвелтова“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски соопшти дека повеќе лица се приведени во СВР Скопје. Приведените се повикани на информативни разговори за да се утврди точниот мотив и сторителите на двојното убиство кое се случи на улица “Рузвелтова“ во петокот вечерта.
Во нападот едно лице е убиено кога непознати сторители од возило во движење пукале во автомобил „Сеат Алтеа“ во кое се наоѓал убиениот. Од двете повредени лица во нападот едното подоцна на Клиника им подлегна на повредите.
Министерот Оливер Спасовски денес одговарајќи на новинарско прашање истакна дека МВР работи на случајот и дека кога ќе дојде до конкретни резултати детално ќе ги објави.
– Веднаш по настанот иако во тек беа подоготвки за референдумот се презедоа сите мерки за расчистување на случајот во СВР и од страна на надлежниот јавен обвинител извршен е увид. Обезбедени се материјални траги, кои се најдени на лице место. Извршена е обдукција на телата, се работи на вештачење на материјалот кој е подигнат, на возилото, додаде Спасовски.
На местото на престрелката убиен беше 44-годишниот Наим Ајети, а другите двајца Ферди Елезовски (1999) и А.П. (1969) беа пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде на повредите им подлегна 47 годишниот А.П.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.