Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за пожарот штосиноќа го зафати просторот на поранешната фабрика Декортекс.
Според МВР, пожарот настанал во една од халите на фабриката за текстил во која биле сместени машини и репроматеријали.
– По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари. Извршен е увид од екипа на ОВР Радовиш, информира Министерството за внатрешни работи.
The post МВР со детали за пожарот во Радовиш appeared first on Provereno.



