четврток, 26 ноември 2026
Најново

МВР: Уште 21 лице повикани на разговор за настанот во Ченто

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

МВР: Уште 21 лице повикани на разговор за настанот во Ченто.

Министерството за внатрешни работи во врска со настанот кој пред неколку денови се случи во населбата Ченто, а за кој најавивме дека ќе се преземат дополнителни мерки, ја информира јавноста дека врз основа на документираниот запис, Секторот за внатрешни работи Скопје презеде активности за соодветно расветлување на настанот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Имено, до овој момент од страна на СВР Скопје беа поднесени кривични пријави за три лица за што веќе ја информиравме јавноста, а дополнително од нивна страна беше извршено идентификување и беа повикани на разговор 21 лице кое учествувало во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето со што сториле кривично дело.

Во следниот период, а во насока на целосно расчистување на настанот Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со обезбедување на доказен материјал за останатите лица и по завршување на постапката за сите лица кои постапиле во спротивност со законот ќе бидат поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство.

Неселективното пристапување е клучно за соодветно спроведување на законот од страна на полициските службеници. И во таа насока уште еднаш потенцираме дека  граѓаните треба да бидат уверени дека секој кој што постапува во спротивно со законот ќе биде соодветно санкциониран.

Поврзани вести