четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мебелот од Камчев бил озвучен: Катица Јанева договарала рекети додека некој постојано ја слушал?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ексклузивниот мебел за домот на Катица Јанева, подарок од близок родина на бизнисменот Орце Камчев, пристигнал со дополнителна опрема – апаратче за прислушување, тврдат извори од истрагата, пренесува Република.
Неофицијално, во каучот, двоседот и фотелјите, кои специјалната обвинителка ги добила на подарок од осомничениот, сокриена била и буба за прислушување.


Наводно, со уредот биле следени разговорите што Јанева ги водела во својот дом, но и нејзините телефонски разговори од фиксен и мобилниот телефон, пишува порталот.
Денеска обвинителството наложи конфискација на мебелот добиен како подарок од сопственик на фирма, која е близок роднина на инволвиран во случај кој го води СЈО. Како што тврди изворот, се работи за мебел од фирмата на сестрата на осомничениот во „Империја“.

Поврзани вести