Меган Маркл ја користи оваа метода за да се избори со сите стресови

Од перспектива “обичен смртник”, војвотката од Сасекс има голем број причини за среќа.
Сепак, кога малку подобро ќе размислиме, постојаната изложеност во јавност, толку нагли промени, проблеми со семејството и згора на тоа, правила кои наеднаш ѝ биле наметнати, можат да бидат сериозен извор за стрес и анксиозност. Но, Меган своето решение за брзиот начин на живот го пронашла во 2015-та година.
Во една од објавите на личниот блог кој го водела, Меган зборувала за медитација. Во неа наведува дека човекот со име Light, што во превод значи светлина, ѝ препорачал посебна техника на медитација, која е фокусирана на мислите и нивно отстранување.


Иако, како што самата напишала, на почетокот мислела дека сето тоа е скапа развиена глупост, после некое време, кога научила правилно да медитира, се заљубила во тоа и сфатила колку животот ѝ се променил на подобро.
После споделувањето на своето искуство, Меган додала: “Знам дека ќе смислите милион причини зошто медитацијата е лудост или пак зошто немате време за неа, како што јас му реков на Лајт, дека немам доволно слободни часови во денот за да медитирам, на што тој ми одговори дека поради тоа треба двојно повеќе да медитирам.”
Што значи, ако ѝ делува на војвотката, можеби не би било лошо да се проба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.