Меган плачела: ДНК тестот покажал дека принцот Хари не е татко на Арчи!

Принцот Хари и Меган Маркл пред нешто повеќе од една година, станаа родители на малиот Арчи, меѓутоа шпекулациите за тоа дека принцот всушност не е негов татко, не стивнуваат.
Токму ова го тврдеше магазинот Глоуб, повикувајќи се на неименуван извор кој неколку месеци пред Арчи да дојде на свет, за магазинот открил како малиот Арч воопшто не е син на принцот.
Како што објаснил наводниот извор, во склоп на стандардната процедура на дворот каде пред раѓање на детето се утврдува татковство, резулатите на ДНК тестот покажале дека принцот Хари не е татко на идното дете.
Хари од шок пребледел, а Меган почнала да плаче. Не можел да верува на резулататите, започнал изворот и додал дека принцот набрзо ги обвинил непријателите на Меган на дворот за саботажа на тестот.
Како приказната не би се ширела, Хари направил нов тест кој потоа покажал дека тој сепак е татко на се уште неродениот Арчи. Сепак изворот напоменува дека останатите членови на кралското семејство уште долго биле сомничави кога станува збор за таткото на најмладиот член.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.