Медиуми блиски до Мицковски ја обвинија Данела Арсовска за тежок криминал!? Што се случи за помалку од година дена?

Медиуми блиски до Мицковски ја обвинија Данела Арсовска за тежок криминал!? Што се случи за помалку од година дена?

За помалку од година дена заврши љубовта меѓу Мицковски и Данела Арсовска. Што се крие зад овој сериозен судир останува допрва да се види. Меѓутоа ова е голем политички проблем за Мицковски. Имено во јавноста се погласно се зборува дека всушност е започната операција за отстранување на Мицковски од БЕЛАТА ПАЛАТА…

Еве како медуимите блиски на Мицковски ја подложија Данела на рафална стрелба.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е вплеткана во сомнителна зделка тешка 136 милиони евра, колку што вреди проектот за изградба на пречистителната станица, тврдат извори за Република. Според нивните тврдења, иако Арсовска не треба да знае кој учествувал на тендерот, таа посочува две компании кои биле вклучени во постапката, а си има и фаворит – турски фаворит.

Перински пак на прес пред самата градоначалничка рече:

„Да не си играме со паушални обвинувања, затоа што ова може да го загрози проектот за кој државата добила 72 милиони евра. Зошто сум разрешен? Можеби градоначалничката ќе додаде. Јас апелирам дека ги отфрлам сите обвинувања кои ги прочитав во медиумите“.

Тој пред Арсовска, рече: „Ние интерно можеме што сакаме да си кажеме, но со европски банки не можеме да си играме“.

На ова Арсовска најави кривична пријава за Перински, кој е мошне близок на Мицковски и беше негов шеф на кабинет пред да стане Директор во Водовод…

Данела и Перински пред да влезат во ровови…
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.