Медиуми: Уште една црна ноќ за Шпанците

Германските тимови, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд убедливо ги победија шпанските опоненти во првите полуфинални натпревари во Лигата на шампиони.Баерн ја совлада Барселона со 4:0, а Борусија со 4:1 беше подобра од Реал, што е доволна причина овие резултати да бидат главни теми во спортските медиуми во Европа.Логично, според исходот Германците со суперлативи пишуваат за своите тимови, додека Шпанците критикуваат.„Уште една црна ноќ“, е насловот во „Марка“, која традиционално е наклонета кон Реал. Во текстот се наведува дека водечките екипи во Бундес лигата ги победиле најпопуларните шпански тимови со вкупни 8:1.„Се насетува германско финале на Вембли и само чудо може да го спречи. Натпреварите во Минхен и Дортмунд ја покажаа супериорноста на тимовите од германската лига“, се наведува во текстот.„Марка“ исто така потенцира дека Јирген Клоп целосно тактички го надмудрил Жозе Мурињо.„АС“ главен акцент стави на фантастичната игра на Роберт Левендовски, но и за тоа дека Шпанците на две средби постигнале само еден, а примиле осум голови.„Полскиот репрезентативец беше ноќна мора за Реал и се чини дека ги расчисти сите дилеми околу финалистот. Дебаклот на Барселона беше предупредување, но ние не го видовме.“Германскиот „Билд“ го нарекува Левандовски ’машина за голови’ и истовремено пишува за враќањето на Мурињо во Челзи.Тиражниот „Кикер“ наведува дека Левандовски испишал нова историја во фудбалската игра.
МакфаксГерманските тимови, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд убедливо ги победија шпанските опоненти во првите полуфинални нат

Пронајдете не на следниве мрежи: