Меланија е друга жена откако повеќе не е во Белата куќа

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, по излегувањето од Белата куќа не сакала да комуницира со медиумите и вешто ги избегнувала местата на кои фотографите можеле да ја фотографираат.
Само највештите фотографи успевале да ја „уловат“ Меланија.
Меланија Трамп за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп привлекуваше огромно внимание, како во медиумите така и во јавноста, но и во модниот свет.

Иако некои креатори од политички причини и несогласувања со нејзиниот сопруг одбивале да соработуваат со неа, поранешната прва дама на САД секогаш наоѓала начин да дојде до уникатни модни парчиња.
По излегувањето од Белата куќа, Меланија ретко кој ја видел, а се зборуваше и дека се разведува од Доналд Трамп.
Неколку пати таа била фотографирана во Њујорк, а сите забележале дека го сменила и својот моден стил.
Имено, Меланија сега е најмногу заинтересирана за деловни изданија и спортска елеганција.
Таа не се откажала од скапоцените брендови, како што се „Hermes“, „Burberry“ и „Christian Louboutin“.
Таа останала доследна и едноставна, но сепак носи ефектни комбинации кои на многумина им се допаѓаат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.