Меланија, како Снежна кралица, ги опи новинарите, додека Трамп зборуваше за укинувањето на проектот на Обама

Меланија Трамп (48) блесна синоќа на Конгресниот бал, кој таа и американскиот претседател Доналд Трамп го организираа во Белата куќа. Иако на подиумот им се придружија, Иванка Трамп и Карен Пенс,со сопрузите, Меланија ги засени двете дами, во долг бел фустан со шљокици.
Нејзината пуштена коса, и високата ролка на фустанот на модната куќа „Celine” и дадоа лежерен, а сепак софистициран изглед. Првата дама на Америка делуваше весело и расположено, додека заедно со Трамп, ги поздравуваа гостите.
Нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, во таа прилика ја нарече Белата куќа „среќно место”.


– Тоа беа неверојатни и многу, многу посебни две години. Ниту една администрација не направила повеќе во првите две години, како оваа нашата. Има уште многу да направиме и ова ќе биде многу возбудлива недела, како што верувам дека следните две години ќе бидат многу возбудливи. Интересни работи се случија во изминатите 24 часа – рече тој.


Пораката на Трмап се однесуваше за прогласувањето за неуставен на Законот за пристапна грижа во петокот, што е чекор напред кон укинување на Обамакер.
– Ако републиканците и демократите се обединат, можеме да излеземе со одлична програма за здравствена заштита, како што требаше да биде од првиот ден. И тоа ќе се случи – убеден е Трамп.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.