сабота, 28 ноември 2026
Најново

Меланија Трамп во боја која совршено ги истакнува нејзините очи- првата дама не престанува да воодушевува со изгледот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Меланија Трамп ги одборјува деновите кои ги поминува во Белата куќа со својот сопруг Доналд Трамп, но тоа не значи дека и понатаму не ги извршува своите обичаи и работни обврски.


Една од нив беше годишната посета на Националната детска болница во Вашинготн, каде Меланија вчера се појавила и во големата сала прочитала неколку Божиќни бајки на децата кои таму се лекуваат. Иако првата дама била оддалечена неколку метри од публиката, па ја извадила маската додека читала приказна, медиумите ја нападнале поради тоа.


Наводно првата дама ги прашала организаторите дали е во ред да ја извади маската и добила потврден одговор, затоа што се смета дека дистанцата меѓу неа и публиката била доволна.
Меланија за оваа прилика одбрала миди капут во светло зелена боја од превртена кожа и стилето високи потпетици, исто така од превртена кожа.

Поврзани вести