Меланија Трамп изненади во разиграно издание, но сумата..

Првата дама на САД, воодушеви со својот последен моден избор, сè додека во јавноста не исплива цената за истиот.


За враќање од службен пат од Атланта, каде била со сопругот Доналд, Меланија Трамп облекла бел фустан со темно-кафени точки, кој го надополнила со ремен од кафена кожа.
На бојата на ременот и точките одговарале и елегантните салонки, а подоцна преку рамената ставила капут во валкано-бела боја.


Меланија сме навикнати да ја гледаме во многу посложени изданија, па со овој избор на аутфит особено нè изненади, но многу поголемо изненадување е цената на нејзиниот фустан која изнесува дури повеќе од 2.000 евра, а позади него се потпишува дизајнерката Александра Рич.
Но, вие не мора да издвоите ни приближно толку пари за фустан сличен на овој, бидејќи примероците со точки и оваа пролет се хит и ги преплавуваат полиците во high-street продавниците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.