четврток, 12 ноември 2026
Најново

Меланија Трамп се врати во Белата куќа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се врати во Белата куќа по пет дена минати во болница откако врз неа беше спроведена мала хируршка интервенција на бубрезите.
Меланија (48), неделава ја мина во воената болница во близина на Вашингтон. Според една анкета, 57 отсто од Американците имаат позитивно мислење за неа, што е подобар резултат од поддршката од 47 отсто во јануари.
Посебно е интересно што во политички поларизираната Америка, Меланија успеала да го подобри впечатокот кај демократите и тоа дури за 15 проценти. Со тоа, политичките противници на Трамп сега се целосно поделени во врска со нивното мислење за првата дама.

Поврзани вести