Мелони: Италија нема да војува со Иран

Под јавен притисок, ставот на италијанската премиерка Џорџа Мелони за американско-израелската војна против Иран стана порешителен, објави „Блумберг“.

Зборувајќи во Сенатот денеска, Мелони рече дека на Иран не смее да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје, но во исто време рече дека Израел и САД дејствувале надвор од рамките на меѓународното право. Таа нагласи дека Италија не е во војна и нема да влезе во неа.

„Мораме да ја ставиме американската и израелската интервенција против иранскиот режим во контекст на кризата на меѓународниот систем – во која заканите стануваат сè поалармантни, а едностраните интервенции надвор од рамките на меѓународното право се множат“, рече таа.

Пронајдете не на следниве мрежи: