Мемеди го обвини Стевананџија дека бил дел од смислено сценарио при пеење на Албанската химна

Мемеди го обвини Стевананџија дека бил дел од смислено сценарио при пеење на Албанската химна. Ова се многу сериозни изјави и нив ги изрече пратеникот на Национална демократска преродба Весел Мемеди. Тој денеска сведочеше на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, прв од досега сослушаните сведоци го спомна уделот на тогашниот собраниски претседавач Трајко Вељаноски во главната причина и мотив разулавената толпа да влезе во Собранието, тешко да повреди пратеници, новинари и полиција и да го искрши Собранието.
Ако е ова така, а се разбира прозваните се добредојдени да ги демантираат овие изјави тогаш ова Е СКАНДАЛ ОД СЕРИОЗНИ РАЗМЕРИ. 
Дали навистина како што вели Мемеди прозваните учествувале во испланирани настани во кои настрада недолжен народ и тоа како сака да дознае засегнатата јавност. Изјавата на Мемеди е шокантна од збор до збор. „Пред да биде избран за претседател на Собранието Талат Џафери, пратениците од ДУИ Артан Груби и Џевад Адеми побараа збор. Претседавачот Трајко Вељаноски ги игнорира нив и му дава збор на пратеникот од Беса Зекирија Ибраими, кој после нив стиска копче. Пратеникот Димитар Стевананџија и колегите од ВМРО-ДПМНЕ станаа и ни викаа ‘Тишина, Тишина!’, за да може уште поубаво да се слуша и надвор албанската химна што почна да ја пее Ибраими. Прашајте ме и по 30 години, јас ќе тврдам: Ова беше сценарио. Добро планирано сценарио“, рече Мемеди.
Дали навистина ова били планирано сценарио останува да се утврди. Пред околу една година токму на Мемеди и на Вељановски како дел од истрагата за настаните од 27 април им беа одземени телефоните. Се претпоставувало дека телефоните може да содржат информации за одредени комуникации, што би помогнале во расветлувањето на настаните од 27 април. Досега не се соопштени детали и засега не е јасно дали сомнежот е поврзан за нивна меѓусебна комункикација или за нивна комуникација со други лица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.