Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија

Ќе останам до крај на чело на СЈО, не затоа што сакам, туку бидејки сметам дека тоа го заслужувам, ова денес на новинарско прашање го изјави Катица Јанева пред почетокот на денешниот панел „Реформски бенч-маркови. Дали имаме реформи и зошто не?“.
Таа, исто така, додаде дека барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од челната позиција во СЈО е политичко кое не држи вода, ниту е на место и нема основа.
– Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон, изјави Јанева и додаде дека ако нејзиното место оди на реизбор таа повторно ќе конкурира.
Преговорите за нов Закон за Јавно обвинителство, со кој треба да се регулира статусот на СЈО, сè уште се заглавени, а според актуелниот Закон за СЈО мандатот на Јанева ѝ истекува во септември.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.