Мерко не е пишман што го купил автомобилот, требало да купи и поубав

Мерко: Требаше да купам Ауди 8, поскапо од ова!

Градоначалникот на Струга остана на својот став дека “Ауди А6“ од 70.000 евра не е луксузен автомобил, зашто обични граѓани возат автомобили од 100.000 евра.
Во гостување на ТВ“24“ струшкиот градоначалник ја праша новинарката, која го потсети на општинскиот долг, но и на новите “Шкоди“, како ќе дошол во студиото во Скопје ако не го купел возилото.
– Не е срамота градоначалник да седи по патиштата? “Шкодата“ ќе оди со помала брзина и не е тоа тоа. И што има тука проблем? Видете го колку е убаво. Па каков градоначалник ви се гледам јас, ќе одам со “Фиќо“? Стотина коли “Мерцедеси“, “Ауди“, јас со “Опел Вектра“. Па не вреди градоначалник со скинати алишта и со стара кола. Не сум пишман за тоа што сум го купил. Можда требеше да земам уште поубаво возило, вели Мерко.
Тој потврди дека исто вакво возило купил и во 2011 година, но тоа сега било во неподвижна состојба.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK