сабота, 28 ноември 2026
Најново

Мерц застана зад Израел и Америка и ги поддржа нападите врз Иран: „Нема причина да се критикува“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги коментираше најновите воени настани на Блискиот Исток и се осврна на ставот на Германија и за нападите на Израел врз Иран и за нападите на САД врз иранските нуклеарни постројки.Во статус на социјалната мрежа X, Мерц рече дека работите на Блискиот Исток не можат да се остават во статус кво.„Нема причина да се критикува она што Израел го започна во Иран пред една недела, ниту пак има причина да се критикува она што Америка го направи таму минатиот викенд. Тоа не е без ризици. Сепак, оставањето на работите какви што се, исто така, не беше опција“, рече Мерц.Претходно, Мерц изјави дека Иран треба да се врати на преговарачката маса.„Иран мора веднаш да започне преговори со САД и Израел и да најде дипломатско решение за конфликтот“, нагласи тој.

Поврзани вести