Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Тиват изјави дека дел и Европската унија има дел од вината за тоа што земјите од Западен Балкан не се интегрирани.
– Ако веќе 13 години не сме примиле нови членки, тоа покажува дека пропустите постојат и на страната на Европската Унија. И нив денес сакаме да ги надминеме, изјави Мерц.
Премиерот Христијан Мицкоски кој оствари средби и со германскиот канцелар и со францускиот претседател рече дека процесот на проширување останува жив.
Во изјава за медиумите Мицкоски рече дека задача на македонската Влада е да го зачува тој процес, но истовремено да не го загубиме достоинството како што тоа било пример во изминатите децении.
– Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ние свој инпут во сето тоа и свое мислење, што го пренесовме. Подетално ќе разговараме за време на работниот дел на самитот. Така што да бидеме трпеливи, сепак, ова се моменти кога практично ЕУ, односно Европскиот совет јасно кажува дека процесот на проширување останува жив, изјави Мицкоски.
Германија и Франција на самитот во Тиват ги претставија новите идеи за тоа како земјите од Западен Балкан да се поврзат поцврсто со ЕУ и пред формалното членство.
Се предлага воведување на набљудувачки статус за овие земји во институциите на Унијата. Тие треба да бидат поинтензивно вклучени во процесите на носење одлуки и да добијат привилегиран пристап до единствениот пазар преку постепена интеграција.
Дополнително, се предвидуваат заеднички состаноци меѓу институциите на ЕУ и претставници на земјите од регионот за прашања од заеднички интерес
The post Мерц од Тиват: Дел од вината што Западен Балкан не е интегриран е и на ЕУ appeared first on Provereno.



