Меси вербално нападнат на Ибица

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ужива во паузата пред почетокот на предсезонската подготовка.
Неговата популарност, сепак, го спречува да оди незабележано речиси насекаде, а понекогаш и му носи проблеми.
На социјалните мрежи се појави видео од Ибица, на кое се гледакако поднапиен човек го бара не само вниманието на Аргентинецот, туку, според корисниците, дури и се расправа со него. За една секунда, сепак Лео бил опкружен од обезбедувањето за да се избегне инцидент со човекот.
Фудбалерот ги помина последните денови од својот одмор на Балеарските Острови во друштво на неговата сопруга, како и соиграчите Луис Суарез, Цеск Фабрегас и Жорди Алба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.