Меси го достигна Батистута – 10-ти гол на СП!

Аргентина е на чекор до полуфинале и само 17 минути ја делат од пласман, откако Лионел Меси со својот десетти гол на Мундијалите од пенал ја дуплираше предноста.

Меси после брилјантната асистенција за водство на Молина во 34-та минута, во 73-та го совлада Ноперт откако Дензел Думфрис направи пенал врз Акуња, па Меси кој промаши пенал со Полска, сега не згреши и го достигна Габриел Омар Батистута како најефикасен стрелец во историјата со десет погодоци.

За Меси ова е четврти гол на ова СП во Катар, а ова му е втор меч со гол и асистенција на еден меч.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.