Местото каде што ве боли главата открива детали за вашето здравје

Главоболките се разликуваат и по местото и по болката, а ова се најчестите:
1.Се јавува во една половина од главата
Се работи за мигрена која не е опасна главоболка, но е многу напорна за оние кои страдаат од неа, бидејќи може да трае до 72 часа. Ќе ја препознаете по пулсирачката болка со умерен или силен интензитет, а некогаш се јавува и мачнина и пречувствителност на бучава и светлина. Важно е да земете апче против болки веднаш по појавата на првите симптоми и да мирувате во мрачна и тивка соба.
2.Чувствувате како некој да ви ја притиска главата
Се работи за тензична главоболка која настанува постепено и достигнува среден интензитет на болка, а чувството е како некој да ви ја стега главата со обрач. Најчесто се јавува поради стрес и добро е да отспиете малку во таков случај.
3.Болка на едната страна од лицето, отечен капак
Се работи за „кластер“ главоболка која е силна и трае во циклуси од две недели до еден месец. Се јавува во одреден период од годината, а може да помине и година помеѓу два напада. За време на нејзиното траење, болката се јавува речиси секој ден и тоа во истиот период од денот или ноќта и трае помеѓу половина час и три часа.Оние кои страдаат од ваквата главоболка забележале дека им е подобро кога се движат, за разлика од оние со мигрена кои мораат да мируваат. Болката се јавува на едната страна на главата и обично на тој дел од лицето се затнува ноздрата, капакот отекува, окото е црвено, а лицето и челото се потат. Овој вид главоболки е пет пати почест кај мажите.


4.Болка во челото
Во овој случај се работи за главоболка предизвикана од воспаление на синуси. Болката може да се чувствува и на јагодиците. Ќе помогне инхалација и туширање со топла вода (поради пареата што се вдишува).
5.Болка во задниот дел на главата (кај вратот) и на темето
Овој вид главоболка се јавува поради проблеми со половината и вратот. На пример, може да се јави ако седите подолго време. Истегнете се малку, излезете на свеж воздух…
6.Болка на слепоочниците
Се јавува кога некој има нарушување на виличниот зглоб и предизвикува тензична главоболка. Покрај болку во слепоочниците, се јавуваат и болки во увото, лицето, потешкотии при отворање и затворање уста, а се слуша и тропкање кога се движи вилицата. Во такви случаи, важно е да одите на лекар.
7.Водење дневник на главоболки
Експертите велат дека добро е да водите дневник на главоболки, на пример, колку често се јавуваат, во кое време, каде ве боли, колку траат, кои активности или храна, пијалаци им претходеле на главоболките и слично. Врз основа на овие забелешки, на лекарот ќе му биде полесно да дијагностицира за што се работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.