Метеорскиот дожд на Урал не е поврзан со астероидот 2012 DA14

 Научниците објавија дека метеорскиот дожд на Урал и астероидот 2012 DA14 кој во петокот малку пред 20.30 часот треба да мине покрај Земјата на само 27.680 километри оддалеченост не се поврзани настани.

Ова е досега најблиску што еден астероид минал крај Земјата откако се вршат следењата ана нивните траектории. За споредба, телевизиските, метеоролошките и комуникациските сателити се на повисоки височини за 800 километри, Меѓународната вселенска станица (ISS) е којашто кружи над Земјата на оддалеченост од околу 350 километри а Месечината е 14 пати подалеку.
Професорот Алан Фитцсајмонс од Астрофизичкиот истражувачки центар при Универзитетот во Белфаст за BBC изјави дека „речиси дефинитивно” нема поврзаност меѓу метеорскиот дожд и астероидот.
„Една од причините е дека 2012 DA14 и' се приближува на Земјата од југ, а овој објект ја погоди северната хемисфера. Станува збор само за вселенска коинциденција, иако спектакуларна”, додаде научникот.
Такви удари на метеорити се ретки во Русија, меѓутоа аучниците сметаат дека удар на сличен вселенски објект ја предизвикал легендарната експлозија во Тунгуската област во Сибир во 1908 година, во која биле уништени повеќе од 2.000 квадратни километри шума.
Имено астероидот 2012 DA14 со пречник до околу 45 метри и маса од 130 тони, при судар со Земјата ќе предизвика експлозија чијашто моќноста би била еквивалент од детонација на 2,4 мегатони ТНТ. Во моментов, пресметките покажуваат дека судир со нашата планета е исклучено, но сепак, неговата орбита ќе биде многу променета, според руските научници.
Податоците за повредените на Урал варираат од најмалку 500 до најмногу 950 лица, пренесува руската агенција РИА Новости.
Луѓето кои оделе на работа во градот Чељабинск, 1.500 километри од руската престолнина Москва во текот на метеорскиот дожд слушнале нешто како детонација, виделе блескава светлина, а потоа почувствувале ударен бран. Огнената топка заблескал ана хоризонтот оставајќи зад себе долга бела трага.
Руската агенција за вселенски истражувања Роскосмос соопшти дека метеорот летал со брзина од 30 километри во секунда, како и дека таквите појави тешко може да се предвидат. Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради експлозијата бил пробиен звучниот ѕид.
„Никогаш претходно немало случај на распаѓање на метеорит толку ниско над Русија”, изјави Јуриј Буренко, челник на подрачната единица на министерството за вонредни состојби ви Чељабинск.
Гувернерот на регионот на Чељабинск, Михаил Јуревич, изјавил дека метеоритот паднал во езеро, а портпаролот на руската армија изјавил дека откриен кратерот широк шест метри на брегот од езерото.
Сe трага и по два неидентификувани објекта кои се паднати, според очевидци. во МАркутската Каргалинска област во регионот Актјуба во Западен Казахстан во петокот наутро, изјави претставничката на казахстанското министерствотза вонредни состојби, Ајгерим Науризбаева.
Метеорскиот дожд во петокот покрај во Чељабинскиот, Тјуменскито, Курганскиот и Свердловск региони, ги зафати и северните региони на Казахстан..
„Во петокот, во 09.30 по локално време (04.30 по македонско време) е соопштено дека на територијата а Карганлискиот регион близу селото Аштилисај очевидци забележале неидентификувани запален објект. На местот од каде што дојдоа јавувањата испратени се припадници на противпожарните и здравствените служби, како и оперативни и спасувачки екипи”, рекла Науризнбаева за казахстанската новинска агенција.
Истовремено, беше соопштено дека и жителите на Мартукскиот регион, во областа меѓу селата Казанак и Каратогај забележала ваква појава. Таму, исто така, биле испратени екипи за брзо реагирање.
„Жртви и настрадани нема. Потрагата продолжува”, рече Науризбаева.
Макфакс 
 Научниците објавија дека метеорскиот дожд на Урал

Пронајдете не на следниве мрежи: