Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде наутро ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Во Скопје сончево со слаб ветер од променлив правец.

За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи зголемување на облачноста.



