Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следува период на променливо облачно време. До вторник ќе се задржи стабилно и потопло. Од средината на следната седмица ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура.

Пронајдете не на следниве мрежи: