Од УХМР известуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре и во четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од утре ветерот ќе го промени правецот во северен.



