Дивоградбите треба да се рушат, не да се легализираат, истакна денеска во гостување во Тешки муабети на Инфомакс кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ.
– Ние треба да направиме дистинкција, што се дивоградби кои се однесуваат на живеење, на основните услови на луѓето, не можеме да ги казниме тие луѓе кои живеат во такви услови, ама тоа што служи за профитирање и правење пари против законот, тоа треба да се руши. Многу брзо по изборите граѓаните ќе видат кој ќе сака да работи во таа насока, нашата градска администрација ќе работи во таа насока па ќе видиме што ќе прават МВР и институциите, истакна Мециновиќ.



