Кандидатот за градоначалнник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во гостувањето во „Тема на денот“ изјави дека, „мора да се престане со деградирањето на услугите кои ги дава Град Скопје.“
„Мора да престане во Град Скопје да се деградираат државните услуги кои тој ги дава. Ние во Град Скопје имавме прилика, каде што јас како советник две години се расправав со двете големи советнички групи, зошто даваат концесии на паркинг на трговски центри во градот, кога имаме ние свое претпријатие, Градски паркинг, Скопско претпријатие. На кого тоа советото на Град Скопје му создава конкуренција. На претпријатието кое го има основано? Така да, пред се треба да прекине да се раситнува капацитето на Град Скопје“ – изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовте на партијата Левица, Амар Мециновиќ.
https://www.instagram.com/reel/DN0sveqUOUR/?utm_source=ig_web_copy_link



