Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица – Амар Мециновиќ, во своето гостување на телевизија Сител порача дека градот Скопје мора и може да вложи во современи решенија за јавен превоз.
„Не сме на почетокот на XX век, сега е 2025 година. Скопје може да си ги приушти и да направи клучни потези за алтернативен јавен превоз,“ истакна Мециновиќ.
Тој додаде дека како прв чекор неопходна е набавка на нови автобуси, како и изработка на нов Генерален урбанистички план (ГУП), со цел градот да добие долгорочна и одржлива транспортна стратегија.



