Меѓународната агенција за енергетика пушта нафта за стабилизирање на цените

Нафтата од резервите за итни случаи на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) наскоро ќе почне да пристигнува на светските пазари, откако земјите членки ветија дека ќе стават на располагање вкупно 411,9 милиони барели, соопшти денес агенцијата.

Владите ветија дека ќе обезбедат 271,7 милиони барели нафта од државните резерви, 116,6 милиони барели од задолжителните резерви на нафтената индустрија и 23,6 милиони барели од други извори, се вели во соопштението, објави Ројтерс. Се додава дека 72 проценти од планираните количини ќе бидат во форма на сурова нафта, додека 28 проценти ќе бидат нафтени деривати.

Пронајдете не на следниве мрежи: