Меџити го изгоре Мицкоски: Требаат уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот

Изет Меџити и други приврзаници на т.н. „огнена група“ од ДУИ вечерва одржаа дебата во Гостивар.

За да се изгласаат уставни измени потребни сè уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ потребни се уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, посочил Меџити на настанот.

Тој зборуваше за иницијативата која ја повеле со сопартијците и за која рече дека е за спас на партијата и лидерот. Тој се осврна и на рејтингот, кој според него има тренд на опаѓање и дека се неопходни промени.

Поранешниот градоначалник на Гостивар и висок партиски функционер во ДУИ, Невзат Бејта пред сограѓаните напомена дека изминативе дваесет години се вложило многу за доброто на партијата, а неговиот ангажман бил по барање на сограѓаните. Тој ги коментираше неодамнешните средби кои раководството на ДУИ ги имаше во гостиварско и притоа направи споредба со направеното и реализираните проекти.

На дебатата свои излагања имаа и Башким Хасани, заменик министер за одбрана, Муса Џафери, Блерим Беџети, Саранда Имери и пратеникот Кастриот Реџепи.

Пронајдете не на следниве мрежи: