Меџити од Бутел сака да биде градоначалник на Чаир

Се уште е нејасно каде живее вицепремиероот и министер за животна средина Изет Меџити – во Чаир или во Бутел, и дали ќе треба да се сели за локалните избори. Неговата коалиција официјално објави дека поранешниот градоначалник на Чаир повторно е кандидат да ја предводи оваа скопска општина.

„Флака“ пред неколку дена објави доказ од државната изборна комисија дека Меџити живее на адреса во Бутел и таму му е и гласачкото место, на што Меџити не сака да одговори. Согласно законот , за да се кандидира за градоначалник, услов е три години најмалку да живее во општината која сака да јаводи.

Откако од коалицијата Вреди објавија дека Изет Меџити е нивниот кандидат за градоначалник на Чаир, актуелниот министер за животна средина и просторно планирање се огласи на социјалните мрежи.

„За Чаир, се согласив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу мојот народ. Верувам и сум сигурен дека го направив правилниот и правилен избор. Затоа што луѓето од Чаир заслужуваат лидер кој бил, е и секогаш ќе биде меѓу нив, секогаш достапен да им понуди помош и поддршка“, објави вицепремиерот.

Пронајдете не на следниве мрежи: