петок, 20 ноември 2026
Најново

Меџити: Промените победија во Србија, крајот на доминацијата на Вучиќ отвора ново поглавје за Балканот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, реагираше преку статус на Фејсбук во врска со политичките случувања во Србија, оценувајќи дека политичките промени и соработката се од суштинско значење за иднината на регионот.

Меџити го критикуваше моделот на управување на Александар Вучиќ, поврзувајќи го со контрола врз институциите, притисок врз политичките противници и влијание врз медиумите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според него, политичките случувања во Србија можат да го отворат патот за нов пристап кон регионалната соработка, заснован на партнерство, реципроцитет и еднаквост меѓу суверените држави.

Тој, исто така, изрази критика кон иницијативата „Отворен Балкан“, нагласувајќи дека регионалната соработка не треба да стане инструмент за доминација на една држава над другите.

Во својата реакција, Меџити се фокусираше и на Албанците од Прешевската долина, оценувајќи го единството и соработката на албанските политички сили, што, според него, овозможило обезбедување на најмалку два мандата во новиот парламент.

„Здружување на силите, соработка и заедничко дејствување“, е пораката што Меџити ја пренесе.

Поврзани вести