четврток, 26 ноември 2026
Најново

Меџит: Нема да има реконструкција на владата, но ќе има пополнување на позициите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Изет Меџити од ВЛЕН потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за животна средина и просторно планирање.

Меџити рече дека она што е познато е дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер, додека останува да се дефинира кое министерство ќе го води Сали.

„Нема да има реконструкција, но ќе има пополнување на позициите главно, да. Тие се финализираат. Она што е познато е дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер. И ќе биде потребно деновиве да се дефинира кој друг ресор ќе го покрива. А министер за екологија ќе биде Мухамед Хоџа“, рече меѓу другото Меџити.

Поврзани вести