Миа Колучи со солзи во очите откако сопругот доби ѕвезда во Холивуд

Мајкл Бубле доби своја ѕвезда во Холивуд. 43-годишниот канадски пејач беше почестен со 2.650-тата по ред ѕвезда на Патеката на славните.На церемонијата, Бубле ја доби поддршката од сопругата Луисана Лопилато, кај нас позната по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“.
Во својот говор, познатиот музичар зборуваше за семејството и со своите зборови ја трогна Луисана, која не можеше да си ги задржи солзите.


„Колку подолго живеам, толку повеќе сфаќам дека љубовта не е бесплатна. Љубовта има голема цена. Колку повеќе сакаш, толку повеќе се повредуваш.

Ѝ благодарам на мојата сопруга, не постои нешто што можам да го кажам кое може да опише што чувствувам за неа и низ што поминавме. Таа е мојот херој и мојата карпа“ – вели Бубле во својот говор.

„Моите деца кои ми дадоа цел во животот и ми ги направија ваквите денови уште послатки, бидејќи сега можам да разберам колку убави се добрите моменти“ – додава тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.