Милан сериозно заинтересиран за Видиќ

Милан покажува сериозен интерес, во летниот преоден рок, во своите редови да го донесе капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ.Договорот на српскиот интернационалец со „црвените ѓаволи“ истекува во јуни 2014 година, а според порталот goal.com во Јунајтед се подготвени да преговараат за евентуалниот трансфер.Видиќ на „Олд Трафорд“ престојува веќе седум години, во овој период тој стана еден од најдобрите дефанзивци во светот, сепак поради зачестените повреди во Јунајтед се сомневаат дека тој, во иднина, ќе може да игра како во своите најдобри денови.Дефанзивецот оваа сезона настапи на само 18 од 44-те натпревари кои Манчестер Јунајтед ги одигра во сите натпреварувања.Според goal.com, менаџерот Алекс Фергусон би прифатил понуда вредна 12 милиони евра за капитенот на екипата.Покрај Видиќ „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок би можеле да го напуштат уште Антонио Валенсија, Андерсон и Чичарито Ернандез.
МакфаксМилан покажува сериозен интерес, во летниот преоден рок, во своите редови да го донесе капитенот на Манчестер Ју

Пронајдете не на следниве мрежи: